Се заловуваа кучиња скитници во Делчево

  • News

Во Делчево беше спроведена акција за заловување кучиња скитници на неколку критични локации во градот. Акцијата беше спроведена од „Ветеринарна станица“ Виница, како економски оператор со кој Општина Делчево има потпишано договор за услуга, а на барање на Општина Делчево.  Во оваа акција беа заловени 5 кучиња на локации кои претходно беа пријавени од граѓани или од теренскиот увид на општинските служби.

Овие акции за заловување на кучиња скитници се редовна практика со цел подобрување на јавната безбедност и обезбедување хуман третман на кучињата скитници. Имајќи го предвид зголеменото присуство на кучиња скитници на повеќе локации во градот, состојба која предизвикува загриженост кај граѓаните, но и носи ризици по безбедноста, Општина Делчево најавува почести акции на заловување на кучиња скитници и почитувајќи ги законските процедури и водејќи сметка за хуманиот третман на животните.

Shares