Се сервисираат парните котли во ООУ „Св.Климент Охридски“

  • News

За прв пат по 9 години се сервисираа парните котли во ООУ „Св.Климент Охридски. Целта на активноста е обезбедување, стабилен и ефикасен систем  за затоплување, но и превенирање можни дефекти на инсталацијата за затоплување.

Како што истакна директорот на ООУ „Св.Климент Охридски“, Димитар  Видимлиски, сервисирањето на инсталацијата беше неопходна и итна, бидејќи последен пат, сервисирање на системот било направено пред 9 години. Исто така, со оваа превентивна активност се обезбедува сигурно загревање на објектот и поголема енергетска ефикасност во училиштето за претстојниот период.

Сервисирањето го врши овластена фирма  „Термоплан“ Скопје.

Редовен сервис за одржување на грејниот систем  се спроведе и на парниот систем во детската  градинка „Весели цветови“.

Shares