Денеска градоначалникот Гоцевски присуствуваше на Националната конференција насловена
„Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“ во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на која беше потпишана заедничка декларација на општините за унапредување на сообраќајната безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи со жртви.
Целта на конференцијата е преку размена на добри практики и искуства, унапредување на меѓуинституционалната соработка да се утврдат заеднички пристапи за подобрување на сообраќајната безбедност во урбани и рурални средини.
„Преку заедничка дискусија, анализи и предлагање решенија, се дефинираа конкретни насоки за поефикасно дејствување на локално ниво.
Потпишавме Декларација за безбедност во сообраќајот на патиштата на локално ниво со која јас како градоначалник на Општина Делчево ќе настојувам на планирање на патната инфраструктура и транспортните услуги со фокус на луѓе, управување со мобилноста во функција на безбедноста во сообраќајот на патиштата и приоритизирање на простори за одржливи начини на патување.
Воедно се заложуваме во секоја прилика јавно да зборуваме за безбедноста на сообраќајот на патиштата и значењето на оваа тема. Ќе поттикнуваме соработка помеѓу сите чинители вклучително општинската администрација, полицијата, јавните претпријатија, образовните установи, граѓанските организации и други“, рече Гоцевски.
Конференцијата е поддржана од Министерство за Транспорт, Министерството за Внатрешни Работи и
ЗЕЛС.
Views: 994