
По повод 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост, претставници на Општината присуствуваа на промоцијата на социјалното претпријатие „ИНТЕГРА“, проект на Хуманитарното здружение “Бравура Кооператива” од Делчево. Новоотворениот простор е сместен во објектот на поранешната Стара касарна и е наменет за повеќе видови социјални услуги, меѓу кои и услуги за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост.
На настанот беше изразена благодарност до Црвениот крст, Дневниот центар, Центарот за социјална работа, наставниците од СОУ „Методија Митевски–Брицо“, како и до персоналните асистенти, кои заеднички придонесуваат за одбележување на овој значаен ден.
Присутните упатија признание и до тимот на „ИНТЕГРА“ за создавање на нов, модерен и функционален простор кој претставува вистински дом за корисниците. Моментално, во Дневниот центар се згрижени 7 лица, во живеалиштата 15 лица, а преку различни програми се обезбедуваат услуги за повеќе од 70 стари и изнемоштени лица.
Општината продолжува активно да работи на унапредување на социјалната заштита. Во тек е подготовка на нова Програма за социјална заштита, која во декември ќе биде доставена до Советот на Општината. Во програмата ќе бидат опфатени нови услуги, меѓу кои:
-
поддршка за лица со епилепсија во соработка со Црвениот крст и Здравствениот дом,
-
финансиска поддршка за семејства со деца со мускулна дистрофија,
-
продолжени донаторски активности,
-
посебна грижа и други мерки.
Целта останува јасна – создавање заедница во која сите сме рамноправно вклучени, поддржани и заедно градиме подобра иднина.



