За првпат општина Делчево во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници организира повеќе дневна Новогодишна програма за граѓаните на општина Делчево и сите гости кои ги очекуваме според најавите да го посетат нашиот град.
Ќе има културно-забавни содржини за сечиј вкус и внимание, а најмногу за нашите најмили- дечињата.
Голема благодарност за наставниците, професорите, службениците кои што безрезервно се вклучија во организацијата на оваа новогодишна манифестација која што ќе трае секој ден до пречекот на новата 2026 година.
Општина Делчево упатува посебна благодарност за сите спонзори кои што на свој трошок ги обезбедија програмските содржини за поубава и посвечена новогодишна магија да допре до секој граѓанин на нашето Делчево. Нивната сесрдна поддршка и нескромна соработка на оваа новогодишна манифестација упатува силна порака дека Делчево е наш заеднички дом кој вреди да го унапредуваме и развиваме сите заедно.
Нека започне новогодишната магија овде од центарот на Делчево, и, да се однесуваме максимално одговорно кон урбаната опрема која е поставена на јавните површини во центарот на Делчево.
Нека започне одбројувањето…
Views: 283