
„Погледни лево- погледни десно“, „Премини внимателно и по најкраток пат“, „Премини на пешачки премин – тука си најбезбеден“, „Биди видлив учесник во сообраќајот“ се дел од пораките кои учениците од двете основни училишта во Делчево „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ денеска имаа можност да ги добијат во посебното новогодишно пакетче со светлечки подарок, доколку точно одговорат на прашања од областа на сообраќајот.
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со сообраќајната полицијаи станицата за технички преглед на возила „Автовозач – фер“ од Делчево го реализирашепрвиот дел од активноста ПРАЗНИЦИТЕ СЕ НАЈУБАВИ КОГА СИТЕ СМЕ БЕЗБЕДНИ наменет за учениците каде беа опфатени 150 деца од двете училишта.
Активностасе спроведува во рамки на новогодишната програма „Новогодишна приказна Делчево 2025-2026“ и има за цел да ги поттикне учениците одговорно и безбедно да учествуваат во сообраќајот посебно за време на претстојните празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај во градот.
Посебните новогодишни пакетчиња со светлечки подароксе донација од станицата за технички преглед на возила „Автовозач-фер“ од Делчево.
Безбедноста на децата во сообраќајот потребно е да биде дефинирана како највисок приоритет на локално и нацонално ниво, имајќи го предвид фактот дека тие припаѓаат во групата на ранливи учесници во сообраќајот за кои е потребно да бидат унапредени условите за нивно безбедно движење по улиците и патиштата, но и да се зголемат нивните знаења за сообраќајната инфраструктура, сообраќајната сигнализација и правилата и прописите преку кои би се самозаштитиле како учесници во сообраќајот.
Податоците за сообраќајни незгоди за 2024 година покажуваат дека во 4% од СН учествувале деца од старосната категорија 0-14 години, а во 7% од СН учествувале деца и млади од старосната категорија 15-24 години односно 11% од вкупниот број евидентирани лица кои учествувале во СН се деца и млади од овие старосни категории. Исто така согласно распределбата на лица кои учествувале во СН во зависност од старосната структура и последиците се забележува дека 18% од вкупно повредените лица се од старосните категории 0-14 и 15-24 години.
Затоа, ОСБСП Делчево повикуваат на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, затоа што ПРАЗНИЦИТЕ СЕ НАЈУБАВИ КОГА СИТЕ СМЕ БЕЗБЕДНИ!



