Советот на Општина Делчево ја одржа Втората редовна седница

Советот на Општина Делчево ја одржа својата Втора седница на која се расправаше по 14 точки предложени за Дневниот ред на Седницата.

Советниците донесоа одлуки за распишување јавни повици за  пројавување интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење и членови на Упавниот одбор на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево. Јавните повици содржat податоци за условите кои треба да бидат исполнети, а на јавниот повик може да се пријават сите заинтересирани кандидати кои ќе поднесат пријава и комплетна документација со кои се потврдува дека ги исполнуваат условите од јавниот повик согласно законските прописи.  Постапката за избор на членови во Надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење и на УО на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево ја спроведува Комисија за селекција формирана од Советот на Општина Делчево.

Исто така, советниците ги усвоија и двата јавни повици за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење и за избор на членови на УО на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево;

На Седницата се донесе и  Решение за формирање Комисија за селекција на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево.  За претседател е именувана Ивана Ивановска, а за заменик-претседател Наташа Димитровска. За член е именувана Сузана Петровска, а заменик-член е Винко Ангеловски, додека за член е именуван Методи Кушевски, а заменик-член Соња Тасевска.

Советниците дадоа зелено светло и на Правилникот за измена на Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување еднократна парична помош. Меѓу другите измени се дефинираше и мерката -еднократна парична помош на еднородителски семејства. Право на еднократна помош за еднородителски семејство there is секое еднородителско семејство in Оmunicipality of Delchevo кое е потврдено од Јавнаand установа меѓуопштински центар за социјална работа Delchevo. Висината на паричнаand помош за секое еднородителско семејство изнесува 10.000 денари.Постапката за доделување парична помош на еднородителско семејства се поведува соподнесување писмено барање на родителот до архивата на Општина Делчево. Исто така, во правилникот се определува и висината на паричната помош which се доделува за секое новороденче и за секое прваче во Општината која сега изнесува 4.000 денари, како и висината на паричната помош во зависност од причинетата штета и вкупните примања на семејството и е поделена во две категории:

– Прва категорија – до 15.000 денари на семејства со вкупни примања до 35.000 денари.

 – Втора категорија – до 10.000 денари на семејства со вкупни примања од 35.001 денари до 5.000 денари.

Советниците ги усвоија и измените на Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани. Меѓу другото, во Измените на Правилникот, нa јавниот повик можатда се пријават сите здруженија на граѓани кои се регистрирани и активно дејствуваат на територија на Општина Делчево најмалку една  години пред објавувањето на повикот, согласно with Законот за здруженија и фондации. Нa јавниот повик можyes се пријави и Општинската организација на Црвнiot крст на Република Северна Македонија, како организација која е формирана со посебен Закон.

На Втората седница беше донесена и Одлука за определување имиња на улици во градот Делчево во централно градско подрачје во  градот Делчево               Се определува името „Крале Марко“  која започнува од ул. „Индустриска“, а завршува со КП бр 6604/3. Исто така, се определува името „Поп Стојан“  која започнува од ул. „Индустриска“, а завршува со КП бр. 6650/8.  Куќните броеви  на улиците „Крале Марко“ и  „Поп Стојан“, ќе бидат определени од страна на Општина Делчево. Советниците донесоа и Одлука со која изврши промена на името на улица „Светозар Марковиќ“ во „Љубомир Белогаски“.

На Седницата советниците одобрија спонзорство во износ од 30.000 денари на Здружениеthat ракометен клуб ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР Делчево за учество на меѓународен турнир во ракомет „РАСТИМО-ТРОФЕЈ ГРАДА НОВОГ САДА“ во Нови Сад, Република Србија. На Седницата беа донесени и повеќе одлуки и решенија: Решение за претставници на основачот во Училишниот одбор на СОУ „М.М.Брицо“ – Делчево со кој за членови на Училишниот одбор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево, се именуваат: Татјана Стојковска, Македонка Поповска и Сузана Петровска; Одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2026 година, составена од 7 члена од редот на советниците; Одлука за недавање согласност на Извештајот за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2025 година.  

Shares