
Новиот состав на Локалниот младински совет ја одржа првата средба во Младинскиот центар во Делчево кој денеска и официјално ги отвори вратите за младите. Со отворањето на Центарот се одговори на барањата на младите и се реши првиот приоритет кој беше дефиниран на буџетските форуми за решавање во 2026 г.
Гадоначалникот Иван Гоцевски изрази задоволство од условите за работа на Центарот кој претставува сервис за млади со мисија да ги обедини, да ги мотивира, но и да им даде можност на младите во Делчево..
-Денеска го отворивме Младинскиот центар кој треба да биде култно место за активните млади во Делчево со што го решивме првиот приоритет кој произлезе од граѓаните на буџетскиот форум за 2026 г. Со ова докажуваме дека ние ги слушаме потребите на граѓаните и одговараме на нивните барања. Од денеска младите во Делчево имаат свој простор и им даваме можност да ја насочат својата енергија и потенцијал и да бидат креативни и двигатели на општествениот живот. Овој простор е создаден за младите и најавувам отворена поддршка за младите, за нивните идеи и иницијативи, нагласи Гоцевски.
Центарот ќе работи како отворен инклузивен простор и ќе биде достапен за сите млади со цел да се поттикне нивната активност, вмрежување и учество во општествениот живот. Организацијаand ЖЕНА from Delchevo will раководи со Младинскиот центар.
– Организација ЖЕНА ќе координира со работата на Младинскиот Центар раководејќи се од Законот за младинско учество и младински политики и Програмата за работа на Центарот за 2026 година. Преку обуки, работилници, психосоцијална поддршка, културни и креативни активности, сакаме да придонесеме кон нивниот личен и професионален развој. Нашата цел е младите во Делчево да не бидат само корисници, туку активни креатори на промени во заедницата. Ова е важен чекор кон посилно младинско учество и подобар квалитет на живот на локално ниво, истакна Анита Цоневска, директорка на Организација ЖЕНА.
На промоцијата на Младинскиот центар присуствуваа и претседателот на Советот, Николчо Стојменовски, претставници од Општина Делчево и од граѓанскиот сектор.






