
Нови декоративни аранжмани со цвеќиња го разубавуваат Делчево во пресрет на пролетта. Деновиве ЈКП „Брегалница“ засади околу 1.200 пролетни цвеќиња и со декоративен камен ги збогати јавните површини кај градските семафори и во паркот во Ново Делчево.
Како што информираат од претпријатието, овие активности се дел од заложбаand за создавање поубаво, почисто и попријатно урбано опкружување за сите граѓани, а со внимателен избор на сезонски насади и уредување до најмал детал, парцелите прераснаа во вистински освежени зелени катчиња.
Акцијата за пролетно разубавување на Делчево ќе продолжи и наредниот период со засадување садници по должината на булеварот, во градскиот парк АСНОМ и покрај тениското игралиште.
Пролетна акција за расчистување и уредување на дворното место имаа и вработените од детската градинка „Весели цветови“.
Од градинката споделија дека со заеднички труд are разубавува просторот каде што децата секојдневно играат, учат и растат. „Со оваа активност уште еднаш покажавме дека кога сме сплотени, можеме да создадеме уште поубава, побезбедна и поттикнувачка средина за нашите дечиња“-нагласија од детската градинка .



