Во Делчево ќе се поставуваат вендинг-машини

  • News

Градоначалникот Иван Гоцевски денеска го потпиша Договорот за соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК со кој и се официјализираше меѓусебната соработка околу проектот од јавен интерес „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија, фаза 2“.

Градоначалникот Гоцевски посочи дека со потпишувањето на овој Договор, Municipality of Delchevo го започнува процесот за поставување вендинг-машини за собирање пластични шишиња и алуминиумски лименки и, конкретно, ги поттикнува навиките кај населението за селектирано собирање на отпадот од пакување и негово рециклирање, како и подигнување на еколошката свест за бенефитите од селекцијата и рецклирањето во насока на заштитата и унапредувањето на животната средина.

Ова не е само проект, туку чекор напред кон промена на свеста и навиките. Заедно, создаваме систем преку кој нашите сограѓани ќе имаат можност активно да учествуваат во селектирање и рециклирање на отпадот придонесувајќи за почиста и поздрава животна средина. Ќе продолжиме со вакви иницијативи кои носат реални придобивки за граѓаните и ја подигнуваат еколошката свест. Нашата цел е јасна а таа е чиста општина, одговорни граѓани и одржлива иднина , нагласи Гоцевски.

При користењето на повратните вендинг-машини од страна на корисниците, за секое поединечно користење се акумулираат „зелени поени“ на мобилна апликација, која корисниците може да ја користат за вредносни ваучери за купување производи.Еден зелен поен-кој се однесува на едно пет-шише или една лименка има парична вредност од 0,5 денари. 

Инаку, на последната Седница на Советот беше донесена Одлуката со која Општина Делчево донира на ПАКОМАК ДОО Скопје 100.000,оо денарикако поддршка на Проектот од јавен интерес Паметно управување со отпад од пакување во Македонија, фаза 2”со цел поддршка и вклучување на Општина Делчево во проектот од јавен интерес.

 

Shares