Низа активности во СОУ „М.М.Брицо“ по повод 150-годишнината од Ралзовечкото востание

  • News

Во чест на Разловечкото востание, СОУ „М.М.Брицо“ во соработка со Општина Делчево се вклучува во одбележувањето на 150-годишнината на Разловечкото востание со низа активности, обединети под мотото „Разловечко востание првата македонска искра за слобода“.

Училиштето ќе организира :

·         Квиз на знаење

·         Конкурс за есеи на тема „Разловечко востание првата македонска искра за слобода“ (

·         Видеопрезентација

Учениците кои сакаат да учествуваат во квизот на знаење треба најдоцна до 4 мај да се пријават за учество кај професорката Билјана Петровска;

Есејот треба да содржи од 500 до 700 зборови, есеите да бидат шифрирани и најдоцна до 8 мај да се достават до училишната библиотека.

За најдобрите ученици следува награда.

Промотивниот настан е закажан за 14 мај во училиштето.

Shares