Поради градежни работи се воведува времен режим на сообраќајот на ул „Илинденска“

  • News

Согласно со динамиката на работите и известувањето добиено од страна на изведувачот СТОИМЕНОВ ДООЕЛ Кочани за изведување работи на улица „Индустриска“, Ве известуваме дека во периодот што следува на оваа улица ќе се започне со реконструкција на коловозната површина при што одредени делници од улицата ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата и пешаците ќе бидат пренасочени кон соседните улици.

 Во градежната зона сообраќајот ќе биде ограничен, но со овозможен пристап за сопствениците и корисниците на деловните објекти по должината на зоната, а возилата е потребно  да се движат со намалена брзина и согласно со поставената сообраќајна сигнализација за времен режим на сообраќај.  

        Воедно, се апелира до учесниците во сообраќајот за разбирање и соодветно прилагодување кон изменетиот режим на сообраќај, почитување на поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи, движење со намалена брзина и зголемена претпазливост, а со цел зголемена безбедност во сообраќајот и навремено завршување на градежните работи.

Shares