Врз основа на член 37 став 4 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.4/26 ) и Програма за измена на Програмата за образование на Општина Делчево за 2026 година ( Службен гласник на Општина Делчево бр.5/2026) и Записник бр. 09-1485/1 од 30.04.2026 од Комисијата за јавни дејности при Совет на Општина Делчево, Градоначалникот на Општина Делчево на ден 30.04.2026 година објавува
PUBLIC COMPETITION
for awarding награда за најдобрите 10 (десет) матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево за учебната 2025/2026 година
Општина Делчево ќе доделува награди на 10 (десет) најдобри ученици во IV година-матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево согласно со Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.4/26) и согласно со Програма за измена на Програмата за образование на Општина Делчево за 2026 година ( Службен гласник на Општина Делчево бр.5/2026)
Наградата се доделува во форма на парични средства.
– за прворангираниот кандидат се доделува парична награда во износ од 30.000 денари како првенецот на генертацијата
– за останатите 9 (девет) ученици односно од второрангираниот до десеторангираниот кандидат се доделува парична награда во износ од по 20.000 денари
УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
Право на учество имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:
- 1. Редовни ученици од IV година во учебната 2025/2026 година, со континуиран просечен одличен успех од 5.00 и со примерно поведение
- Ученици кои во претходните три учебни години и учебната 2025/2026 година освоиле место/ награди во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место(награди/златен,сребрен и бронзен медал) на меѓународни државни или регионални натпревари.
3.Против ученикот нема изречено никаква педагошка мерка
Комисијата за јавни дејности за 10(десет) награди за најдобри матуранти за учебната 2025/2026 година ги утврди следните критериуми со бодови од конкурсот:
Континуиран одличен успех во предходните три години и учебната 2025/2026 година (5.00)
- континуиран одличен успех 5.00 – 60 бода
- примерно поведение 10 бодови
- за секој неоправдан изостанок вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бодови.
Освоени награди во претходните три учебни година и учебната 2025/2026 година во поединечна категорија на Олимпијада-меѓународни или државни/регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.
The following sub-criteria have been established for this criterion:
- За освоено прво место/награда во поединечна категорија на олимпијада – меѓународен натпревар– 55 бодови
- За освоено второ место/награда во поединечна категорија на олимпијада – 50 бодови
- За освоено трето место/награда во поединечна категорија на олимпијада – 45 бодови
- За освоено прво место/награда во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бодови
- За освоено второ место/награда во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бодови
- За освоено трето место/награда во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бодови
- За освоено прво место/награда во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бодови
- За освоено второ место/награда во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бодови
- За освоено трето место/награда во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бодови
Доколку 2(два) или повеќе кандидати имаат ист број на бодови изборот ќе се изврши со примена на дополнителен критериум:, .
. За освоено прво место на општински натпревар – 8 бода
.За освоено второ место на општински натпревар – 6 бода
. За освоено трето место на општински натпревар – 4 бода
Потребни документи:
. Барање за доделување на 10(десет) награди за 10(десет) најдобри матуранти од СОУ„Методи Митевски Брицо“ Делчево за учебната 2025/2026 година.
(Архива на Општина Делчево,и интернет страница:delcevo.gov.mk)
. Потврда за редовен ученик.
.Фотокопија од свидетелства од I,II и III година и евидентен лист за прво полугодие од IV година.
. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија.
. Изјава потпишана од кандидатот за обработка на податоците(Архива на Општина Делчево,и интернет страница:delcevo.gov.mk).
.Изјава потпишана од кандидатот за веродостојност на податоците,(Архива на Општина Делчево,и интернет страница :delcevo.gov.mk).
Постапка за доделување на награди за најдобрите 10(десет) матуранти
- Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса:
Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „За ученички награди за 10 (десет) најдобри матуранти" од СОУ„М.М.Брицо“ Делчево. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисијата за јавни дејности при Совет на Општина Делчево.
- Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани.
- Висината за првиотрангираниот кој ќе биде и првенец на генерацијата за учебната 2025/2026 година и ќе изнесува 30.000 денари а за другите 9 рангирани висината на наградата ќе биде по 20.000 денари.
- Конкурсот трае од 30.04 -07.05 2026 година при што последен ден за пријавување е 07.05 2026 година
- Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општинa Делчево delcevo.gov.mk
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВO Mayor
Иван Гоцевски



