„Станете да ве освобода“

  • News

По барање на Димитар Беровски и по негова идеја, знамето го везеле учителки од Солун, мајката Недела Петкова Караиванова и ќерката Станислава, позната под псевдонимот Балканова. На убавото свилено платно покрај разјарениот лав стоел натпис „Македонија, а на другата страна: „Станете да ве освобода!“. Станислава напишала и песна за војводата , под наслов „Песна за Димитар Војвода“ во неа е опеано херојството на војводата и на неговите четници од Малешево.

Академикот Љубен Лапе во музејскиот гласник на Историскиот архив на Македонија го дава следниот опис на знамето:

„Знамето е направено од единечен црвен коприненплат сошиен во едната половина од три, а во другата половина од четири плата со опш размер:1,86 см во широчина и 1,65 см во височина. Во средината на знамето симетрично расположен, пришиен е еден правоаголник од жолто златен копринен плат со размер: 54 см широчина, а 76 см височина. Во полето со копринени лилави конци е извезен разјарен лав, исправен на задните нозе (во размер 56 см. Височина и 46 см широчина). Шепите, забите, ноктите, устата, окото, се навезени со разнобојни конци, а гривата е направена си доплнително исшивање со дополнителни конци врз основниот вез. Предните нозе на лавот му се куси и позадебелени, главата му е зафрлена наназад со тенденција да се потенцира неговата разјареност. Задните нозе му се издолжени, мевот истенчен со што се постигнува грациозност. Опашката е долга извиткана по должината на телото завршувајќи во горниот крај врз трилисно раширување. Врз него со дебел конец е зашиено памучно парче, залепено на хартија со натпис: на 8 мај 1876 година“. Овој натпис врз везената контура на трилисното раширување очигледно е дополнително доставен. Буквите се во латински стил. Знамето има неколку ленти, две од нив се со темноцрвена коприна со размер 1,32 см должина и 15 см широчина, а звршуваат на крајот со локатести триаголни резови. На едната лента е извезен натписот: „Станете –со ракописни букви, а на другата „Да ви освобода“ со почетни букви во латински стил.

Во Разловци знамето било донесено од Беровски пред Третото советување.

Разловчани ја имале честа да го видат развеаното знаме на востанието на 20 мај 1876 г  рано утрото кога и започнало Востанието. Узунски забележува дека од тогаш до денес него го нема во селото. Нема ни копија од знамето и покрај настојувањата да биде изработено и поставено во историската изложба во Спомен-домот на „Разловечко востание“.

Димитар Беровски успеал да го сочува знамето и го понел со себе во Ќустендил. Оригиналното знаме на Разловечкото востание од 1876 година, изработено од Недела Петкова и Станислава Караиванова, денес се чува во Воено-историскиот музеј во Софија, Бугарија.

Shares