Спомен-дом „Разловечко востание“

  • News

Споменот на Разловечкото востание го чува Спомен-домот „Разловечко востание“ уникатно архитектонско дело вклопено во селската архитектура и издигнато над куќите, симболизирајќи ја издржливоста, непокорот и жртвата, но и тајната врска меѓу минатото и сегашноста, односно континуитетот на македонската борба и култура.

Разловци го добива овој уникатен архитектонски објект на свеченоста по повод 100-годишнината од Разловечкото востание кога бил поставен камен-темелникот на Спомен-домот „Разловечко востание“. Камен-темелникот го поставил тогашниот претседател на Советот на Месната заедница од Разловци, Костадин Дине Спасевски, а по 5 години, по повод одбележувањето на 105-годишнината од Востанието, на свечен начин бил пуштен во употреба. Историскиот музеј на Македонија на Домот му подарил постојана изложба посветена на Разловечкото востание, библиотека од неколку илјади книги што претставува и првата селска библиотека во Општина Делчево, а од ликовната колонија организирана во Разловци, сите уметнички дела ја красеа постојаната поставка на уметнички дела.

Објектот важи за значаен објект од повоената македонска архитектура, со традиционална архитектурата вклопена во руралниот пејзаж на с. Разловци, со користење материјали и форми кои потсетуваат на традиционалната македонска архитектура. Спомен-домот е виртуозно и уникатно архитектонско дело на архитектот, проф. д-р Ѓорѓи Константиновски кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба“ на ниво на СФРЈ.

Годинава разловчани има и со што да се гордеат, бидејќи, конечно, ги огреа нивната некогашна гордост која го чува споменот на Разловечкото востание. Домот го доби својот заслужен нов лик. Онака, како што и доликува и на симболиката на објектот со кој денешните следбеници на храбрите востаници оддаваат почит кон ликот и делото на дејците на Востанието, но и неговото значење како прво вооружено востание во предилинденскиот период.

Денес по повод 150-годишнината од Разловечкото востание, по децении и децении пропаѓање и срам и за разловчани и за Општина Делчево, но и за државата, конечно, Спомен-домот доживеа конкрета реставрација, ревитализација и заштита.

Со поддршка на Владата и Министерството за култура и туризам преку Националниот конзерваторски центар, се извршија конзерваторско – реставраторските работи for непосредна protection на еден from најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ for слобода, Спомен-домот на Разловечкото востание. Во рамките на целосната обнова на Спомен-домот, се изврши ревидирање на постојниот Основен project for конзервација и реставрација, негово прогласување for културно наследство, како и непосредна protection која е во завршна фаза.

Паралелно are работеше and on поставување нова музејска поставка which на автентичен и едукативен начин will ја раскаже приказната for Востанието, за храброста, жртвата и значењето на македонскиот отпор. Вкупната вредност на the project изнесува околу 21 милион denars, а целта на проектот е овој простор повторно yes стане живо сведоштво for историјата и место кое will ги инспирира идните генерации.

Огреано од реставрираниот и обновен Дом, богат со содржини кои ја чуваат историската меморија, Разловци денес се подготвува за свеченото одбележување на 150-годишнината од јубилејот на Разловечкото востание -симболот на македонската борба за слобода коешто е планирано за 19 мај. Горди и достоинствени, жителите со нетрпение го очекуваат овој ден, ги вршат последните подготовки за селото да биде чисто и уредно и, на најубав можен начин,  Разловци да ја долови својата приказна длабоко вкоренета во нивното славно и храбро минато. Разловци ќе биде домаќин на високи претставници од државата, од најразлични институции, уметници, гости од Општината, но и на сите добронамерници. Сите кои ќе го посетат востаничкото Разловци ќе бидат дел од свеченоста за да ја почувствуваат магијата на времето и да бидат сведоци на историјата и современоста, на спомените кои ја испреплетуваат индивидуалната жртва и колективната слобода, но и да го осетат спојот на локалното Разловци со националното значење.

Нека е за многу години денот на Востанието!

Shares