Tonight after 7 p.m. disinfection of the streets in Delchevo

Општина Делчево продолжува со превентивните мерки за заштита од појава и евентуално ширење на заразата од коронавирусот на територијата на Општина Делчево. Со таа цел, вечерва по 19 ч. повторно ќе се дезинфицираат најфреквентните улици во градот.

Со дезинфекциско средство, раствор од хлор, екипи на ТППЕ Делчево по одреден распоред и согласно со фреквентноста на улиците и тротоарите, ќе ја извршат планираната трета дезинфекција и миење на улиците и тротоарите.  

Апелираме до граѓаните во периодот по 19 ч. да ја намалат фреквентноста на движење.

0Shares
0