Announcement of movement during the extended weekend

Како резултат на новите одлуки од Владата, а во врска со коронавирусот, Општина Delchevo ги известува сите економски оператори who се заинтересирани да вршат достава на храна / лекови, во периодот кога важи забраната за движење на 1,2 и 3 мај по 14 ч. дека е потребно  да пополнат барање и да го испратат на info@delcevo.gov.mk најдоцна до 30-ти април (четврток), до 12:00 часот.

Дополнително, ги информираме сите граѓани и компании дека во текот на продолжениот викенд, 1, 2 и 3 мај, ќе биде дозволено движење на граѓаните меѓу 05:00 и 14:00 часот. Оттука, нерегистрираните земјоделци кои вршат дејност во Delchevo, потребно е да ги завршат активностите во дозволениот дел од денот (од 05:00 до 14:00 часот).

Сточарите who имаат потреба да се движат  по 14 ч. да се пријават кај админситративниот службеник Кире Цоневски на тел. 078/705-513 и да дадат податоци за живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска пацела најдоцна до 30-ти април (четврток), до 12:00 часот. Воедно се напоменува дека известувањата за движење на сточарите се во строго определен термин во периодот од 17 до 19 ч.

Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.

Исто така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.

Барање за он-лајн продажба за време на полициски час

Shares