Поради актуелната состојба со пожарите на територијата на Делчево, целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште и прогласената кризна состојба поради пожарите, Меѓународниот фолклорен фестивал „Голачки фолклорни средби 2021“ кој традиционално се одржува на планината Голак на врвот Чавка, вечерта на 8 август спроти верскиот празник св. Пантелејмон, нема да се одржи.
Организаторите на манифестацијата, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево и Општина Делчево порачуваат дека алармантната ситуација со пожарите во Делчевско наметнува ваква одлука, а имајќи го предвид фактот дека животот на граѓаните и безбедноста на нивниот имот се над сè, сите ресурси во моментов се ставени на располагање во борбата со огнената стихија. Предвидената културно-уметничка програма во рамките на Фестивалот, ќе се одржи наредниот период.
Views: 1,139