Известување за навремено извршување прекопи на планираните улици за изградба

Општина Делчево ги известува граѓаните дека наскоро ќе започнат градежните работи за изградба на улиците „3“,„5“,„6“ во населбата „Пролет“, краци на ул „Орце Николов“ во населба „Шумски Расадник“ и дел од улицата- булевар „Македонија“ зад административната зграда на Агенцијата за вработување во Делчево.

За таа цел, граѓаните кои немаат изградено соодветни приклучоци за водовод, атмосферска и фекална канализација, а живеат на наведените улици, е потребно тоа да го направат пред почетокот на градежните работи за изградба на улиците, бидејќи по завршување на работите нема да биде дозволено оштетување на новите коловози.

Shares