Општина Делчево ги известува сопствениците на објекти и градежни парцели лоцирани во населбите Спортско рекреативен центар – СРЦ, Басарица, Пролет, Централно градско подрачје и на улиците „Видое Смилевски Бато“, „Кочо Рацин“, „Солунска“, „Благој Стојменов“, „Генерал Темпо“, улица во с.Звегор, крак од улица „Плачковица“ и дел од улица „Орце Николов“ во локалитет Шумски расадник, на кои е планирано да бидат вршени градежни работи за поставување на водоводна инсталација, фекална и атмосферска канализација и изградба/реконструкција на улиците преку средствата обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, како и од Проектот за подобрување на локални патишта за делот од улицата „Орце Николов“ во локалитетот Шумски расадник, доколку се уште не ги обезбедиле потребните приклучоци за водовод, фекална и атмосферска канализација или други инфраструктурни приклучоци (цевки за приклучување на канализациите, поставување кабловници или промена на постоечките итн.), потребно е да ги обезбедат заклучно со 15 септември оваа година.
По асфалтирањето на улиците и во периодот на гаранција на улиците, прекопувањето и поставувањето на инсталациите нема да биде дозволено.
По завршување на гарантниот период, обезбедувањето на приклучок за наведените комунални инсталации предвидени за уредување на градежните парцели ќе биде согласно Програмата за уредување на градежно земјиште, при што ќе биде наплатен соодветен надоместок на сопственикот/корисникот на локацијата, а работите кои се однесуваат за враќање на прекопот во првобитната состојба ќе бидат на терет на сопственикот/корисникот на градежната парцела.
Доколку има потреба од изградба на потпорен ѕид согласно Програмата за уредување на градежно земјиште, трошоците за пристап до дворно место, потпорни ѕидови и слично паѓаат на товар на корисникот/сопственикот на локацијата.
За технички податоци и услови потребни за обезбедување на приклучоците контактирајте ги одговорните лица во надлежните оператори на инсталациите (ЈКП „Брегалница“ Делчево, ЕВН КЕЦ Делчево, Македонски Телеком Скопје, Кабелска телевизија Пирамида Делчево итн.).
Изведувањето на недозволени дејствија во трупот на пат или улица казниво е согласно Законот за јавни патишта.
MUNICIPALITY OF DELCEVO
Mayor,
Goran Trajkovski