Соопштение за отстранување хаварисани возила, машини и опрема од јавни површини

Општина Делчево ги известува сопствениците на хаварисани, нерегистрирани возила, приклучни возила и земјоделски машини и механизација кои се поставени на јавни површини дека е потребно да ги отстранат од јавните површини на територијата на Општина Делчево најдоцна до 30 ноември. 

Паркирањето вакви возила на јавни површини строго забрането, бидејќи, освен што ја нагрдува сликата на општината, го попречува нормалното одвивање на сообраќајот, слободниот пристап до објекти и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно пешаците.

Сопствениците на вакви хаварисани возила, машини и опрема е потребно сами да ги отстранат, во спротивно ќе бидат отстранети од надлежните служби на товар на самите сопственици.

Shares