
Општина Делчево Ве известува дека во наредниот период ќе врши изнајмување на мали билборди (до 2 м2) кои се наоѓаат на улиците „М. М. Брицо“, “Маршал Тито’ и „Булевар Македонија“ (вкупно 9).
Согласно одлуката за утврдување на висината на надоместок за поставување на натписи и рекламни табли-паноа на подрачјето на општина Деллчево донесена од Советот на Општина Делчево користењето на истите изнесува 8.000,оо денари за време од 12 месеци по билборд.
Заинтересираните да побараат информација во Општина Делчево.
Municipality of Delchevo
Mayor
Иван Гоцевски



