
Денеска беше избран нов состав на Советот на урбана заедница Стар Расадник, а за претседател на МЗ беше избран Марјанчо Тасевски.
Во присуство на претставници од општинската администрација и на претставници од урбаната заедница, во демократска атмосфера, но и со многу предлози за решавање на актуелните проблеми во селото, беше извршен реизборот на составот на Советот кој брои 9 членови.
Процесот на активирање на месните и урбаните заедници во Општина Делчево продолжува и наредниот период. Целта е активни месни и урбани заедници и активни граѓани кои креираат подобра општина и општина која се грижи за своите граѓани.
Во таа смисла, Општина Делчево ги повикува граѓаните да се активираат и да придонесат со свое учество во процесот, а посебно жените, да бидат поактивни и да се ангажираат во работата на советите во нивните места на живеење, бидејќи нивниот глас и нивните приоритети се важни во креирањето на една одговорна општина, општина која создава еднакви можности.



