ЈАВЕН ПОВИК За свикување на собир на граѓани за избор на членови на Совет на месна заедница на с.Косово Дабје, Делчево

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за  распишување на избор на членови на Совет на месната заедница во с.Селник број08-13/3 од 09.01.2026 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува

 

PUBLIC CALL

За свикување на собир на граѓани за избор на членови на

Совет на месна заедница на с.Косово Дабје, Делчево

 

1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на месната заедница с.Косово Дабје да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на месната заедница с.Косово Дабје,Делчево.

 

2.Изборот на членови на Советот на месната заедница на с.Косово Дабје,Делчево ќе се спроведе на ден 09.01.2026 година (петок),со почеток во 10.00 часот,во просториите на Дом АСНОМ во Мултифункционалниот Центар.

 

3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.

 

MUNICIPALITY OF DELCEVO

Mayor

Иван Гоцевски

Shares