Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за распишување на избор на членови на Совет на урбаната заедница во Басарица број 08-13/9 од 05.01.2026 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува
PUBLIC CALL
За свикување на собир на граѓани за избор на членови на
Совет на урбана заедница на Басарица, Делчево
1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на урбаната заедница Басарица да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на урбана заедница Басарица ,Делчево.
2.Изборот на членови на Советот на урбаната заедница на Басарица,Делчево ќе се спроведе на ден 23.01.2026 година (петок),со почеток во 18.00 часот,во просториите на Мултифункционалниот Центар во Спомен домот АСНОМ,Делчево.
3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.
MUNICIPALITY OF DELCEVO
Mayor
Иван Гоцевски



