По повод шпекулациите кои се шират во јавноста за наводното отпочнување со работа на објект за спалување медицински отпад, Општина Делчево го издава следново
ANNOUNCEMENT
Општина Делчево ја информира јавноста дека нема издадено одобрение за градење, ниту има издадено каква било согласност за изградба или урбанизирање на објект со намена за спалување и третман на медицински отпад.
Во таа смисла ги демантираме шпекулациите кои деновиве кружат низ градот дека со знаење и согласност на Општина Делчево- во Делчево ќе се гради ваков тип објект, а воедно, ги информираме и загрижените граѓани дека фокусот на дејствување на Општина Делчево и на градоначалникот Иван Гоцевски останува да биде чистата животна средина со цел Делчево да се развива и да живее во еколошки чиста животна средина без загадувачи и без отпад кој ќе штети на здравјето на нашите сограѓани и деца.
Исто така, ја информираме јавноста дека согласно со новиот ГУП чија изработка е во завршнаа фаза, предвидено е сегашната намена со посоечкиот ГУП која е Г1-тешка и загадувачка индустрија (кај м.в. Кожара), ќе се смени во Г2 -лесна и незагадувачка индустрија.
Општина Делчево работи и ќе работи на зачувување на чистата животна средина и во таа смисла се реализираат низа проекти и активности за Делчево да ни биде посакувано место на живеење, каде ќе се гради иднината на нашите деца.



