Ученици од ООУ „Ванчо Прке“ во посета на Општина Делчево

  • Новости

Шеесетина ученици од 4 одделение од ООУ „Ванчо Прке“ денеска одржаа час по предметот општство со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во просториите на Општина Делчево.

Запознавајќи ги учениците со надлежностите на Општината, со должностите на градоначалникот, проектите кои се работат, а се во функција на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, градоначалникот Трајковски одговараше и на прашања на учениците. Учениците се интересираа за обврските на еден градоначалник, за активностите кои се спроведуваа за заштита на животната средина и сл.

Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот, се организира редовно во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.

Shares