Дезинфекција на улиците во Делчево

  • Новости

Вечерва се изврши третото миење и дезинфицирање на улиците во Делчево. Како една од превентивните мерки кои ги презема Општина Делчево во континуитет , а се во насока за заштита од појава и евентуално ширење на заразата од коронавирусот на територијата на Општина Делчево, вечерва по 19 ч. екипи од ТППЕ, а во соработка со ЈКП „Брегалница“ повторно извршија дезинфекција на најфреквентните улици и тротоари во градот.

Дезинфекцијата се вршеше со раствор од хлор, а по однапред направен распоред на приоритетни,односно најфреквентните улици во градот.

Shares