КОНКУРС за доделување на 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија – 2020

  1. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат следните услови:

1.1. Редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето

1.2. Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош

1.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

1.4 Предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

  • Со просек 10.00 40 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,99 – 30 бода
  • Со просек од 8.01 до 8,99 – 20 бода

1.2.1. Семејно-материјалната состојба на студентот:

За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања – 60 бода;
  • Семејство без никакви примања чии членови не се евидентирани во Агенцијата за вработување – 55 бода
  • Семејство со примања до 3.100,00 денари по член на смејство – 55 бода;
  • Семејство со примања од 3.101,00 до 4.600,00 денари по член на семејство – 50 бода
  • Семејство со примања од 4.601,00 до 6.250,00 денари по член на семејство – 45 бода;

Доколку 2(два) или повеќе кандидати имаат ист број на бодови изборот ќе се изврши со примена на дополнителен критериум односно вреднување на универзитетот на кој студира студентот според Шангајската ранг листа на универзитети. Предност ќе има универзитетот што е повисоко рангиран на Шангајската листа. Во случај 2(два) или повеќе кандидати да имаат ист број бодови и да студираат на ист универзитет избран ќе биде кандидатот што остварил повисок просек во текот на студирањето.

  1. Општина Делчево ќе додели 4 (четири) стипендии на редовни студенти од сите студиски години освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РСМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1.Редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.2 Редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години освен I (прва) , со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето

2.3. Студентите да се жители на Општина Делчево

2.4 Предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција.

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 4 (четири) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

За студенти на опшествените науки и факултетите од уметностите:

  • Со просек 10.00 – 100 бода
  • Со просек од 9.81 до 9,99 – 90 бода
  • Со просек од 9.61 до 9,80 – 80 бода
  • Со просек од 9.41 до 9,60 – 70 бода
  • Со просек од 9.21 до 9,40 – 60 бода
  • Со просек од 9.00 до 9,20 – 50 бода

За студенти на техничките науки и медицинските науки:

  • Со просек 9,51 до 10,00 – 100 бода
  • Со просек 9,21 до 9,50 – 90 бода
  • Со просек 8,91 до 9,20 – 80 бода
  • Со просек 8,61 до 8,90 – 70 бода
  • Со просек 8,31 до 8,60 – 60 бода
  • Со просек 8,01 до 8,30 – 50 бода

Доколку 2(два) или повеќе кандидати имаат ист број на бодови изборот да се изврши со примена на дополнителен критериум односно вреднување на универзитетот на кој студира студентот според Шангајската ранг листа на универзитети. Предност ќе има универзитетот што е повисоко рангиран на Шангајската листа. Во случај 2(два) или повеќе кандидати да имаат ист број бодови и да студираат на ист универзитет избран ќе биде кандидатот што остварил повисок просек во текот на студирањето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 1 на конкурсот

  1. Барање за доделување на студентски стипендии (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) Преземи
  2. Фотокопија од Индекс;
  3. Потврда за редовен студент за студиска 2020/2021 година;
  1. Потврда со број на положени испити со оценки;
  2. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец Октомври 2020 година или за последниот месец од 2020 година за кој е земено плата;
  3. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
  4. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;
  5. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
  6. Изјава потпишана од кандидат за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) Преземи
  7. Изјава од кандидат за веродостојност на податоците (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) Преземи

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

за доделување на студентски стипендии од точка 2 на конкурсот

  1. Барање за доделување на студентски стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) Преземи
  2. Фотокопија од Индекс;
  3. Потврда за редовен студент за студиска 2020/2021година;
  4. Потврда со број на положени испити со оценки;
  5. Изјава потпишана од кандидат за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk) Преземи
  6. Изјава од кандидат за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk) Преземи

Постапка за доделување на стипендии

  1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 17.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РСМ„ за студенти кои конкурираат за точка 1 од Конкурсот и со назнака „за стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето„ за студенти кои конкурираат за точка 2 од Конкурсот;
  2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;
  3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;
  4. Висината на стипендијата од точка 1 на Конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2021 година.
  5. Стипендиите се неповратни;
  6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 23.11.2020 година до 07.12.2020 година;
  7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст