КОНКУРС за доделување на 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година -2020

  1. Општина Делчево ќе додели 10 стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево од II, III и IV година, во учебната 2020/2021година, кои ги исполнуваат следните услови

1.1. Редовни одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2020/2021 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение

1.2. Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 10 (десет) стипендии од точка 1 на конкурсот:

1.1.1 Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)

  • континуиран одличен успех (5.00)-30 бода
  • континуиран одличен успех ( од 4.50 до 4,99)- 25 бода

1.1.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
  • за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

1.2.1Семејно-материјалната положба на ученикот

За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • Семејство без никакви примања – 60 бода;
  • Семејство без никакви примања и чии членови не се евидентирани во Агенцијата за вработување – 55 бода;
  • Семејство со примања до 3.100,00 денари по член на сeмејство – 55 бода;
  • Семејство со примања од 3.101,00 до 4.600,00 денари по член на семејство – 50 бода;
  • Семејство со примања од 4.601,00 до 6.2500,00 денари по член на семејство – 45 бода;
  1. Општина Делчево ќе додели 8 (осум) стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1 Редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2020/2021 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение

2.2. Ученици кои претходната година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.

Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 8 (осум) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1 Континуиран одличен успех ( 4.50-5.00)

  • -континуиран одличен успех 5.00 – 60 бода
  • -континуиран одличен успех 90 – 58.8 бода
  • -континуиран одличен успех80 – 57.6
  • -континуиран одличен успех70 – 56.4
  • -континуиран одличен успех60 – 55.2
  • -континуиран одличен успех50 – 54

2.1.2 Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)

  • примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
  • за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

2.2.1 Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.

За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

  • за освоено прво место во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бода
  • за освоено второ место во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бода
  • за освоено трето место во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бода
  • за освоено прво место во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бода
  • за освоено второ место во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бода
  • за освоено трето место во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бода

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 1 на конкурсот

  1. Барање за доделување на ученичка стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)
  2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
  3. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството за месец ноември 2020година или за последниот месец од 2020година за кој е земено плата;
  4. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
  5. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;
  6. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
  7. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: delcevo.gov.mk)
  8. Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За доделување на ученички стипендии од точка 2 на конкурсот

  1. Барање за доделување на ученичка стипендија за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето (Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk)
  2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
  3. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија
  4. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство (Архива на Општина Делчево и интернет страница: delcevo.gov.mk)
  5. Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)  

Постапка за доделување на ученички стипендии

  1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 7.30 до 17.30 часот или по пошта на адреса:

Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1,
со назнака „за ученички стипендии за одлични ученици“ за ученици кои конкурираат за точка 1 од конкурсот
и со назнака „ за ученички стипендии за ученици со особен успех„ за ученици кои конкурираат за точка 2 од конкурсот;

  1. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;
  2. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;
  3. Висината на стипендиите од точка 1 од конкурсот ќе изнесува 1.000 денари месечно, а висината на стипендијата од точка 2 од конкурсот ќе изнесува 1.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2021 година;
  4. Стипендиите се неповратни;
  5. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од 23.11.2020 година до 07.12.2020 година;
  6. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општинa Делчево www.delcevo.gov.mk

 

 ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст