Општина Делчево започна со новогодишното украсување на градот

  • Новости

Традиционално во овој период од годината и во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Општина Делчево започнува со украсување на главните улици во градот со цел да се збогати новогодишната атмосфера. Украсувањето со новогодишни светилки и реквизити се врши со постоечките новогодишни украси, набавени претходните години, бидејќи за оваа 2020 година во Буџетот на Општина Делчево се скратени сите непродуктивни трошоци, па во таа смисла, во Буџетот нема предвидено средства за новогодишно украсување на градот.

Новогодишното украсување на улиците, објектите и домовите, има посебна традиција и порака, посебно во време, како оваа здравствена криза, со што се дава придонес за поттикнување на позитивното, надежта и вербата дека новата година ќе испишува позитивни страници, а воедно на најмладите, да не им се скратува новогодишната бајка.

Shares