Градоначалникот Трајковски во посета на делчевските училишта

Воспитно -образовниот процес во делчевските училишта се одвива без поголеми проблеми и со строго почитување на протоколите за заштита од ковид -19. Ова беше потврдено на средбите што ги имаше денеска градоначалникот Горан Трајковски со директорите и родителите на ученици во образовните институции во градот.

Целта на средбите беше да се согледаат условите во кои се одива воспитно-образовниот процес во училиштата во градот, да се детектираат слабостите и предизвиците со кои се соочуваат и наставниците и учениците, но и родителите.

За време на средбите, беше потенцирана неопходноста од строго почитување на протоколите за спречување на појавата и ширењето на коронавирусот, а беше дискутирано и за редовноста на следење на наставата на учениците.

Во моментов во делчевските училишта нема ученици и наставници кои се во изолација, посебно ова се однесува на учениците кои следат настава со физичко присуство.

Градоначалникот Трајковски испрати апел до присутните крајно сериозно, како и до сега, да се сфатат мерките за заштита од корона вирусот, да бидат одговорни во непреченото одвивање на наставниот процес, а за сите настанати проблеми навреме да се информираат надлежните.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст