Објавен Конкурсот за општинската награда „7 Септември“

Општина Делчево денеска го објави Конкурсот за доделување општинска награда за 2021 г, награда која традиционално се доделува по повод Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември.

Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Северна Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата за физички лица се состои од плакета и паричен износ, а наградата за правно лице се состои од плакета. Согласно условите од Конкурсот право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево.

Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од денеска, 07.07.2021 година и ќе трае заклучно до ден 06.08.2021година, а предлозите за кандидати се доставуваат до архивата на Општина Делчевоза Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, со назнака Предлог кандидат за доделување општинска награда.

Повеќе за конкурсот од следниот ЛИНК

0Shares
0