Делчево со нови контејнери за комунален отпад

  • Новости

Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве вршат дистрибуција на новите контејнери кои претпријатието ги доби во рамките на проектот „Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во Источен и Североисточен плански регион” финансиран со средства од ИПА- програмата за регионален развој на Европската Унија.

 Станува збор за 169 контејнери со зафатнина од 1,1м³ кои се поставуваат во градот и населените места, со што ќе се одговори на потребите на граѓаните и фирмите, но и значително ќе се подобри состојбата со управување со комуналниот отпад, а ќе се превенира и создавање диви депонии.

Претходно, Општина Делчево во рамките на овој проект финансиран со средства од ИПА- програмата за регионален развој на Европската Унија доби возило за собирање отпад со капацитет од 4м3.

Shares