Во Делчево се реализираше кампањата „Безбедно управување со трактор“

Во Делчево се реализираше кампањата „Безбедно управување со трактор“ со цел  превентивно да се делува и да се потенцира важноста за управување на технички исправно возило со  исправни уреди.

 Кампањата е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за безбедост на сообраќајот на патиштата Делчево, а во соработка со службеници на МВР ПС Делчево.

Кампањата се реализираше на општинската патна мрежа каде има зачестено движење на трактори и друга земјоделска и мобилна механизација при што се апелираше за безбедно учество во сообраќајот на патиштата.

Исто така, беше потенцирана опасноста од движење во ноќни услови на недоволно обележана механизација. Возилата кои беа опфатени во кампањата беа дополнително обележани со ретрорефлектирачки ленти во црвена и бела боја со порака ВОЗИ ОДГОВОРНО!.

Согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, мобилна машина, мотокултиватор, трактор и тракторска приколка во сообраќајот на пат, задолжително треба да бидат технички исправни и да имаат исправни уреди.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст