Трет ден хуманитарна акција за Украина

Продолжува хуманитарната акција за помош на граѓаните во Украина.  Граѓаните и општествено одговорните фирми во Делчево донираа: бебешки пелени и облека, бебешка храна, постелнина, ќебиња, средства за хигиена, храна, но и парични средства. Исто така, денеска се донираа и лекови, санитетски материјали, ортопедски помагала, детски играчки, постелнини.

На листата донатори се запишаа: „Фротирка-компани“, „Аклалоид“ од Берово, „Брегал“ Делчево, ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево, детска градинка „Весели цветови“, аптека „Кетрин“ „Луна –гив“, Фротекс Компани, Центарот за социјални работи- Делчево, ЈЛБ „Илинден“ , ЈКП „Брегалница“, пратеничката Соња Михајловска, градоначалникот Трајковски и вработените во Општина Делчево, но и многу граѓани кои овие два дена носат донации на пунктот.

Собирниот пункт,кој се наоѓа во фоајето од Спомен-домот АСНОМ, ќе биде отворен и утре, сабота, во период од 10 ч до 15 ч.  Донираната помош ќе се пакува и селектира в понеделник по што ќе биде организиран транспорт до амбасадата на Украина во Скопје.

На сите донатори, организаторот, Општина Делчево, изразува голема благодарност.

0Shares
0