Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево го одбележа Денот на жената – 8 Март

  • Новости

Со свежо цвеќе и внимание за одговорните учеснички во сообраќајот, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево го одбележа Денот на жената – 8 Март. Со оваа активност им се посвети посебно внимание на жените учеснички во сообраќајот како пешаци, кои заради одговорното учество во сообраќајот и почитувањето на правилата и прописите, од членовите на ОСБСП Делчево добија подарок цвеќе и флаер за пешаци.

Целта на оваа активност е преку превентивно делување да се поттикнат жените на одговорно учество во сообраќајот посебно повозрасната популација и нивна самозаштита во сообраќајот во Општина Делчево.

Жените се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и како пешаци и како возачи. Повеќе истражувања укажуваат дека тие имаат одлични компетенции за управување со моторно возило, дека возат внимателно, паркираат совесно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а се истакнуваат и со способноста за планирање на патувањата земајќи предвид бројни околности што можат да влијаат врз безбедното возење.

Според податоците од статистиката, жените возат одговорно и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, па оттаму не зачудува податокот дека тие поретко предизвикуваат сообраќајни незгоди. Интересно е и тоа што жените-возачи поретко практикуваат брзо возење, нагло забрзување или возење под дејство на алкохол. Сепак и покрај ова, статистиката покажува дека значително е поголема веројатноста жените да бидат повредени во сообраќајни незгоди.

Родовата статистиката во Делчево вели дека во текот на минатата година во сообраќајни незгоди учесници биле 65 мажи, а 11 жени. Од нив 6 жени учествувале во незгоди каде причината била недржење страна и правец на движење; 1 жена -возач била под дејство на алкохол; во сообраќајни незгоди поради неприлагодена брзина на патот учествувале 3 жени; а поради недржење прописно растојание- учествувала 1 жена. Во сообраќајна незгода поради непочитување првенство на минување учесник била 1 жена.

Затоа, ОСБСП и РСБСП повикуваат на внимателност кај секој учесник во сообраќајот, а по повод празникот 8 Март на жените-возачи им препорачува:

– да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,

да се грижат за сите учесници во сообраќајот,

– почесто да ја проверуваат исправноста на возилото,

– да бидат пример за издигнување на безбедноста во сообраќајот на повисоко ниво.

Shares