Општина Делчево ги објави јавните повици за поддршка на спортските и граѓанските здруженија

  • Новости

Општина Делчево денеска ги објави двата јавни повици за доделување финансиска помош во две категории, спорт и граѓански сектор. Годинава во Буџетот на Општина Делчево за оваа намена се предвидени вкупно 1,5 милиони денари кои ќе бидат транспарентно распределени согласно со јавно објавените критериуми, до спортски здруженија, клубови и сл, но и до граѓански здруженија кои функционираат на територијата на Општина Делчево, а се пријавиле на Јавниот повик.

Согласно со Правилникот за  условитеначинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженијаправни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, право на учество на Повикот имаат сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчевоа приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности  се: локален економски развој, техника, образование, култура, уметност, социјална заштита, заштитата на животната средина, еднакви можности и младински политики. Право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 1 година пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево.

Исто така, право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат условите: да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација; да дејствуваат на територија на Општина Делчево; спортските клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево, како и правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

Пријавата заедно со документација се доставува до Aрхивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.

Рокот за пријавување е 15 дена, односно од 16.01.2026 до 30.01.2025 г.

Јавните повици се на следниве линкови

ЈАВЕН ПОВИК за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2026 година

 

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2026 година

Shares