Отворена денарска сметка за донации

Општина Делчево ги информира граѓаните дека отвори денарска донаторска сметка со цел прибирање донации за хуманитарни цели наменети за социјално ранливи категории и во насока за потребите од превенција и спречување на појавата од ширење на заразата од КОВИД 19 на територијата на Делчево.

Заинтересираните донатори и хумани граѓани донациите можат да ги уплаќаат на следната сметка:

Назив на примач: Општина Делчево

Банка на примач: НБРСМ

Трансакциска сметка: 100000000063095

Сметка на корисник: 7200140320785Н3

Приходна шифра за правни лица: 744111

Приходна шифра за физички лица: 744211

Програма: 00

Цел на дознака: донација

Средствата треба да се уплаќаат на образец ПП 50.

Инаку, на барање на нашите иселеници, Општина Делчево отвори и девизна сметка на која ќе можат да донираат наши сограѓани кои живеат и работат во странство.  Уплатите од странските држави може да се вршат на сметката на следниот ЛИНК

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст