Соопштение за забрана на движење и работа на економските оператори

Општина Делчево ги информира сите правни и физички лица дека согласно со мерките и препораките на Владата на РСМод денеска, среда, 8 април 2020 година, се забранува движењето на граѓаните во периодот од 16 часот до 05 часот наредниот ден, а во деновите од викендот, забраната за движење важи од петок од 16 часот, до понеделник до 05 часот.

 За време на викендите, сабота и недела, ќе работат само економските оператори кои имаат можност само за on-line продажба и за дистрибуција на продукти.

·         Дежурните субјекти ќе бидат определени согласно со доставените барања и исполнување на критериумите за можност за он-лајн продажба и достава на неопходни намирници;

·         Барањата се објавени на веб страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk ;

·         Дежурните аптеки се утврдени согласно со планот за работа и организација на Министерството за здравство.

Сите информации околу мерките и активностите кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево за време на вонредната состојба, можете да ги најдете на www.delcevo.gov.mk

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст