ЈАВЕН ПОВИК за доделување награди и признанија за изборот на млад надежен спортист, спортисти, тренер и спортска екипа во Општина Делчево, за 2025 година

Врз основа на Програмата за спорт на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.1/25) за избор на најдобрите од спортот во Општина Делчево за 2025 година, Градоначалникот на Општина Делчево, распишува:

ЈАВЕН ПОВИК
за доделување награди и признанија за изборот на млад надежен спортист, спортисти, тренер и спортска екипа во Општина Делчево,
за 2025 година

1.Општина Делчево распишува јавен повик за избор на најдобрите од спортот во Општина Делчево за 2025 година.

2. Наградата на најдобрите од спортот во Општина Делчево, се доделува за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт и тоа награда за најдобар спортист, најдобар млад надежен спортист, најдобар тренер и најдобра екипа чиешто седиште е во Општина Делчево. Наградите за најдобар млад надежен спортист, Спортист/ка на годината и тренер на годината може да биде доделена и на спортисти кои настапуваат надвор од територијата на општина Делчево.

3. Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чиешто седиште е во Општина Делчево, како и физички и правни лица.

  • 4. Предлозите за избор на „Најдобрите од спортот во општина Делчево за 2025 година “, се за следниве категории
     Млад надежен спортист/ка ;
     Спортист/ка на годината ;
     Тренер на годината ;
     Спортска екипа на годината ;

5. Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски работници и екипи, од клубови со дејност спорт, кои се регистрирани во Општина Делчево. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

6. Наградата се доделува во форма на парични средства и плакета.
Висината на паричната награда е во износ од:
10.000 денари за најдобар млад надежен спортист;
15.000 денари за најдобар спортист ;
15.000 денари најдобар тренер;
20.000 денари за најдобра екипа.

7. Јавниот повик трае 12 дена, почнувајќи од 11 Декември(четврток) и заклучно со петок, 22 декември 2025 година(понеделник).
8. Потребна документација која треба се достави во прилог на Пријавата:
• Тековна состојба од Централен регистар на РМ (копија или оригинал за спортските клубови) ;
• Решение за вршење дејност-спорт издадено од Агенцијата за спорт и млади (копија или оригинал за спортските клубови) ;
• Доказ за учество во некои од организираните системи на натпреварување организирани од страна на спортските федерации или асоцијации како и доказ за награди и признанија ;
• Краток опис за кандидатурата и
• Доказ за жителство (лична карта или патна исправа).

9. Пријавите се поднесуваат до архивата на Општина Делчево или по пошта на ул: Светозар Марковиќ. бр.1, Делчево, со назнака „за избор на спортист на годината“.

ПРИЈАВА ЗА НАЈДОБАР СПОРТИСТ

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Иван Гоцевски

Shares