Волшебен свет од бајки за Светкиот ден на литературата за деца во делчевската библиотека

  • News
Волшебниот свет од бајки, исполнет со храбри јунаци, принцези, волшебни нешта кои значат праведност и храброст и кои го создаваат волшебниот свет полн со авантури и сопствени мали светови од зборови- оживеа по повод Светскиот ден на литературата за деца на настан организиран од ЈЛБ „Илинден“. Во традиционалното одбележување, годинава се вклучија второодделенците од ООУ „Св.Климент Охридски“, кои порачаа дека детството почнува со приказна, а љубовта кон книгата трае цел живот.

Како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, Светскиот ден на литературата за деца има силна симболика и важна мисија.

-Билбиотеката посветува посебно внимание на литературата за деца и во таа насока со цел промоција на овој вид литература, ние организираме настани во кои главни учесници се нашите ученици. Светскиот ден на литература за деца ги охрабрува децата уште од најрана возраст да ја откријат магијата на книгите и да развиваат навика за читање и љубопитност кон знаењето. Изразувам благодарност до наставничките Сузана, Латинка и Христина и до сите дечиња кои денес беа наши гости, порача Петровска.

Светски ден на литературата за деца се одбележува секоја година на 2 април по повод  роденденот на големиот раскажувач Ханс Кристијан Андерсен, еден од најпознатите автори на бајки во светот.

Shares