Нови контејнери во Делчево

Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000 денари. Контејнерите се со волумен волумен 1,1 м3, номинална носивост 430 кг., а се предадени на ЈКП „Брегалница“ од каде ќе се транспортираат на планираните локации, каде досега биле поставени стари и оштетени контејнери или ги немало, а се очекува новите садови за отпад да придонесат за подобар квалитет на услугите за собирање на комуналниот отпад.

Согласно со спроведената Јавна набавка „Набавка и испорака на метални контејнери за отпад“, склучен е Договор за набавка и испорака на метални контејнери со Друштво за техничко испитување, контрола и анализа „ТЕХНИЧКИ ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА“ ДОО Неготино.

Инаку, преку проект на ЛАГ Малеш-Пијанец, Делчево очекува нови садови за отпад.  Во моментов се спроведува постапка за набавка на  урбана опрема- парковски канти за отпадоци, контејнери за отпад и контенјери за селекција за отпад вредна 880.000 денари. Сите овие активности ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните со акцент на подобро управување  со отпадот кој е еден од основните проблеми во регионот.

0Shares
0