Детската градинка се поднови со нов горилник на системот за парно греење

  • Новости

Делчевската детска градинка „Весели цветови“ набави нов горилник за системот за парно греење со што комплетно е подновен системот за парно греење во установата. Набавката е од сопствени средства во вредност од 413.000 денари и согласно со годишниот план за јавни набавки, годишната програма и развојниот план на градинката. Како што истакна директорката на градинката, Билјана Симовска, горилникот е монтиран и пуштен во употреба.

Првиот горилник од системот за греење беше заменет во 2018 г., а за да не дојде до крах на грејниот систем, вториот горилник беше репариранза да овозможи заштеда на нафта, а денес веќе во функција е нов што значи дека системот за греење во градинката сега е подновен максимално и очекуваме реална заштеда на енергија и заштита на животната средина. Од систем пред крах, денес имаме 2 нови горилника кои многу значат, потенцираче Симовска.

Освен, набавката на горилникот за потребните на парното греење, во објектот се вградени и надворешни ролетни на две занимални во доградбата на градинката во вредност од 60.750 денари, а исто така, набавени се и постелнини за сите креветчињата, во вредност од  64.900денари.

 

Заедно со претходните набавки во опрема и дидактички материјали, детската градинка од сопствени средства овој период инвестираше околу 850.000 ден.

Вложувањето во безбедна, здрава и сигурна средина на децата е наша обврска и наша цел, потенцираше директорката Симовска.

Правилниот раст и развој на децата се наш приоритет, а осовременувањето на градинката, е наша обврска. Секогаш подготвени на интензивно вложување во раниот детски развој работиме на континуирано вложување и во делот на воспитно- образовниот процес преку редовни планирани обуки на вработените согласно годишниот план за професионален развој. ОЈУДГ „Весели Цветови“ Делчево не застанува тука, пред нас претстојат уште многу инвестиции и вложувања кои се планирани во наредната 2022 година, рече Симовска.

Shares