Подготвени за Априлијадата

  • Новости

Дечиња од детската градинка „Весели цветови“, ученици од ООУ „Ванчо Прке“ и од ООУ „Св.Климент Охридски утре ќе учествуваат во традиционалното дефиле под маски, но и на забавата под маски што се подготвува на летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ. Домаќини на забавната програма се ученици од ООУ „Ванчо Прке“, а на сцената ќе настапат со своја програма ученици од двете основни училишта, како и дечињата од детската градинка.

Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на шегата, денеска ЈЛБ„Илинден“-Делчево на првоодделенците од двете основни училишта им подели маски со цел тие да бидат подготвени за утрешната Априлијада.

екогаш е убаво кога дечињата се наши гости и кога секаде околу нас е полно радост, шаренило, насмевки и песни. Им посакуваме убаво да си поминат утре на Априлијадата и да уживаат во денот. Ние како библиотека и понатаму ќе бидеме тука за сите нив. Огромна благодарност до наставничките Верица, Соња, Цветанка, Александра, Цветанка и Каролина. Се гледаме утре на Априлијадата , дефилето започнува во 10 часот, истакна Билјана Петровска, директорка на ЈЛБ „Илинден“.

Програмата која е во организација на Општина Делчево, детската градинка и двете основни училишта, започнува утре, петок, во 10 часнот со дефиле на сите учесници по што на летната сцена ќе биде организирана програма под маски.

Shares