Делчево ги чествува двата Илиндена

  • Новости

Со пригодна свеченост во организација на Општина Делчево, денеска во Делчево се одбележаа 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, каде се удрени темелите на македонската држава.

Со почит кон споменот и оставнината на борците за слобода од Илинденското востание 1903, пред споменикот на великанот Гоце Делчев, преку рефератот подготвен од играорците од КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, беше потенцирано значењето и улогата на Илинденското востание во 1903 година во развојот на револуционерната мисла и борбата и аманетот на храбрите илинденци.

Чествувањето продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде за значењето и улогата на Првото заседание на АСНОМ во 1944 г, пригоден реферат прочитаа членови на КУД „Гоце Делчев“.

Во рамките на одбележувањето, пред двете спомен-обележја во градот, свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, претставници од политички партии, јавни институции, здруженија на граѓани.

Традиционално, чествувањето на Илинден продолжува со културно-уметничка програма и граѓански собир во манастирот „Свети Илија“ во с. Ѕвегор.

 

Shares