Започна акцијата за чистење на отпад насловена „Генералка викенд 2025”

И годинава Општина Делчево по трети пат активно се вклучи и ја подржа најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 2025 која годинава се одржува од 09-11 мај.

Во акцијата покрај вработените од општинската администрација вклучени се и учениците од основните општински училишта Ванчо Прке и Св. Климент Охридски како и учениците од средното општинско училиште Методи Митевски Брицо. Јавното комунално претпријатие е задолжено целиот отпад кој ќе биде соберен да го превземе и депонира.

Синхронизирано на повеќе локации во градот се чисти отпадот. Предвидено е да се чисти просторот на потегот кај автобуската станица во Делчево до спој со ул. Индустриска, делот од просторот зад маркетот Супер КИТ-Го, додека учениците се задолжени да ги чистат дворовите на училиштата.

Целта на оваа еколишка акција е да има двоен ефект во заштитата на природата. Со пролетниот дел од оваа акција планирано е да се собере отпадот од голем број локации ширум земјата, а со есенскиот целта е да се придонесе за збогатување на шумскиот фонд.

На ваков начин се продолжува реализиацијата на платформата „Свет без отпад“ и иницијативата за намалување на CO2 во атмосферата.

 

Shares