Детската градинка „Весели цветови“ подготвена за безбеден престој на децата

Детската градинка „Весели цветови“ во Делчево од 9 септември ќе згрижува 189 дечиња од веќе примените 370. Како што истакнува директорката Билјана Симовска, врз основа на направената анализа од доставената документација од родителите, просторните услови на градинката и протоколите за работа, бројот на деца кои ќе бидат опфатени на ниво на градинка, во овој период, двојно се намалува.

Првично, согласно насоките од МТСП ќе бидат опфатени само децата на двајца вработени родители за што родителите обезбедија потврда од работодавачите и деца на самохрани родители согласно со просторните услови и протоколот за работа  е преполовоен бројот на згрижени деца. Секој родител на овие дечиња достави потпишана изјава со која се обврзува да го почитува изготвениот протокол за родители со цел максимално да се заштитиме од ширење на КОВИД -19. Во изјавата за родителите  најмногу внимание се посветува на сигурноста и здравјето на децата. Родителите ќе мора да почитуваат временска рамка на донесување и земање на децата согласно со нивните потреби, за што максимално се заложивме да ги исполниме, задолжително ќе мора да водат сметка за здравјето на децата и навремено да реагираат и известуваат. Во изјавата е наведено дека само 2 лица ќе можат да го носат и земаат детето, согласно протоколот притоа носејки заштитна опрема и почитувајки ги дадените насоки од градинката, истакна Симовска.

Во детската градинка е изготвен распоред и сите вработени се запознати со нивните протоколи и одговорности согласно со протоколите. Најмногу внимание ќе се посветува на хигиена и дезинфекција за што се обезбедени сите неопходни дезинфекциски и средства за чистење. На секој влез од градинката ќе биде поставена дезибариера која ќе служи за дезинфекција на чевлите на родителите, децата и на вработените.

-Децата се нашето најголемо богатство, но за да можеме да ги заштитиме ќе мораме сите заеднички максимално да се вложиме. Почитувани родители, ние како установа презедовме максимално сè за безбедно отпочнување со работа. Од вас единствено што бараме е да бидете одговорни и да ги почитувате, потпишаната изјава и протоколите, порача Симовска.

Согласно протоколот во рамките на установата беа изготвени и посебни интерни протоколи кои се однесуваат на различните оддели со вработени.

Протокол за родители
Протокол за помошно технички персонал
Протокол за лица задолжени за мерење температура
Протокол за воспитно-згрижувачки кадар
Протокол за дистрибуција на храна до објект

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст