ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и одржување јавна расправа/видеоконсултација за документот План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за „Реконструкција на делница од локален пат Л-1 Делчево-Тработивиште“ во Општина Делчево во рамки на Проектот за поврзување локални патишта во РСМ

Од страна на ангажиран консултант за животна средина е изготвен драфт План за управување со животна средина и социјални аспекти за  Реконструкција на делница од локален пат Л-1 Делчево-Тработивиште во Општина Делчево во рамки на Проектот за поврзување локални патишта во РСМ.

Согласно со обврските кои произлегуваат од оперативните политики  во делот на животна средина и социјални апсекти на Светска Банка која е финансиер на Проектот, Министeрството за транспорт и врски, односно Единицата за имплементација на Проектот и Општина Делчево организираат јавна презентација и консултација со сите заинтересирани и засегнати страни која согласно со актуелната состојба со Ковид 19, ќе се одржи преку видеоконференција во вторник, 29.12.2020 година во 11 часот.

Во таа смисла, на веб-страницата на Општина Делчево се објавени следните документи:

– План за управување со животна средина и социјални аспекти (мкд и англиска верзија);

Дневен ред;

Објави за јавна расправа и 

Формулар за жалби и поплаки.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст