Објавен конкурсот за општински стипендии

 

Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување општински стипендии за ученици и студенти. Согласно конкурсите, Општина Делчево и годинава ќе доделува 28 стипендии за ученици и за студенти во две категории. Стипендиите се неповратни и ќе се исплаќаат за период од девет месеци започнувајќи од јануари 2021 г. Висината на стипендијата зависи од категоријата на која аплицира средношколецот, односно 1 000 ден месечно за првата категорија и 1.500 денари месечно за втората, додека висината на стипендиите за студенти изнесува 2000 денари месечно за првата категорија и 3.500 денари месечно за втората категорија.

Годинава Општина Делчево додели 18 ученички стипендии во две категории.

Во првата категорија се предвидени 10 ученички стипендии за одлични ученици од II, III и IV година во учебната 2020/2021 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение и ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Висината на стипендијата изнесува 1.000 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2020 година;

Во втората категоријаОпштина Делчево додели 8 стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето кои ги исполнуваат условите да се редовни ученици од II, III и IV година во учебната 2020/2021 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение, како и ученици кои во претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари. Висината на стипендијата изнесува 1.500 денари месечно, а се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2021 година;

Годинава се доделуваат 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија, во две категории.

Во првата категоријаОпштина Делчево доделува 6 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва), кои се жители на Општина Делчево и студираат на државните универзитети во РСМ, а се редовни студенти со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето, студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Висината на стипендијата изнесува 2.000 денари месечно, а се доделува 9 месеци почнувајќи од месец Јануари 2021 година.

Во  втората категорија, Општина Делчево доделува 4 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РСМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето, редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години, освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето.Висината на стипендијата е 3.500 ден месечно, а се доделува 9 месеци почнувајќи од јануари 2021 г.

Конкурсот за доделување стипендии е објавен на општинската веб-страница  www.delcevo.gov.mk и на локалните медиуми. Потребните документи можат да се доставуваа по пошта и во Архива на Општина Делчево секој ден од 7.30 до 17.30 ч.

КОНКУРС за доделување на 18 стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година -2020

КОНКУРС за доделување на 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија – 2020

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст